Најдобриот другар на Јокиќ потпиша максимален договор

од Nikola Popovski
64 прегледи

Познато е дека српскиот кошаркар Никола Јокиќ е главната ѕвезда на Денвер Нагетс, но секој Бетмен мора да има свој Робин. Така Јокиќ го има Џамал ​​Мареј кој потпиша максимален договор со Нагетс и осигурва долгорочна соработка.

Канаѓанецот потпишал продолжување на договорот за уште четири години, со максимална плата од дури 208.000.000 долари, објави новинарот на Атлетик, Шамс Чаранија.

Така, во следните пет години Мареј ќе заработи вкупно 244.000.000 долари.

Со тоа Денвер го одржува проектот околу Јокиќ и Мареј, со цел да атакува на барем уште една титула во периодот до 2029 година, до крајот на потпишаниот договор.

Слични содржини