Најдобрите македонски одбојкари добија нов селектор

од Nikola Popovski
498 прегледи

Одбојкарската репрезентација на Македонија доби нов селектор – Ратко Павличевиќ.

На српскиот тренер не му е непозната работата во македонската репрезентација, бидејќи во 2018 година кратко време беше дел од стручниот штаб.

Поранешниот југословенски репрезентативец во среда во Маврово ќе ја има првата прозивка.

57-годишниот тренер во текот на својата кариера има работено во четири земји – во машката и женската екипа на Црвена звезда, во Ал Хилал од Саудиска Арабија, во грчките тимови во Пафос и Фоникас, како и во швајцарските клубови Амрисвил и Шенова.

Првиот предизвик за Павличевиќ ќе биде Европската сребрена лига каде Македонија е во групата со селекциите на БиХ, Романија и Албанија.

Фото: Guliver Image

Слични содржини