Најдобрите природни антибиотици

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Антибиотиците се лекови, благодарение на кои сме се справиле со болести кои предизвикуваат бројни компликации, па дури и смрт во минатото. Овие лекови сепак имаат свои несакани ефекти поради кои некои луѓе претпочитаат да ги избегнуваат.

За да се зајакнe природнaта заштита организмот може да се користат и некои природни производи, кои имаат антибиотски својства. Тие се наоѓаат во вашата кујна.

Кои се најдобрите природни антибиотици ?

Меѓу најмоќните природни антибиотици се мајчина душица, оригано, јогурт, јаболков оцет, суровите кисели краставички, ѓумбирот, анасонот, карамфилот, лукот, лути пиперки, копар, босилок, куркума, рузмаринот, циметот, брокулата, зелката, кромидот.

Освен што можете да вклучувате почесто во дневното мени некои од овие производи, можете и да си приготвите и моќен антибиотски коктел со кој ќе се подигне имунитетот.

Состојки :
700 мл јаболков оцет
¼ чаша рендан свеж лук
¼ чаша кромид, ситно сецкан
¼ чаша рендан ѓумбир
2 лути пиперки
2 лажици куркума во прав
2 лажици рендан рен


Ставете ги сите состојки во голем сад без да го ставате оцетот. Измешајте ги многу добро, потоа префрлете ги мешаните производи во тегла со цврсто затворен капак. Истурете го оцетот во тегла, протресете го добро и чувајте го на ладно и темно место во тек на 2 недели. Секој ден протресувајте ја добро теглата. По овој период волшебниот домашен антибиотик е подготвен за исхрана.

Можете да го исцедите во ситно сито и да го префрлите во шише од темно стакло за поголема заштита од сонце. Секој ден пијте по 2 лажици 2-3 пати на ден.

Слични содржини