Градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески најави дека во иднина зонско паркирање ќе има и во населбата Ново Лисиче и Реонски центар. Според него, во координација со ЈП „Градски паркинг – Скопје“, општината изготвила проект и чека одобрување од Град Скопје и МВР.
-Веќе сме во координација со „Градски паркинг“ и спремни се веднаш да почнат со поставување и одбележување на информативни табели. Очекувам дека најдоцна до крајот на месец септември, ќе почне зонско паркирање во Ново Лисиче и реонски центар, кажа Митески на денешната прес-конференција.
Неодамна жители на Ново Лисиче и на Реонски центар апелираат до ЈП „Градски паркинг“ кога ќе почне со исцртување на полињата за зонско паркирање за кои неодамна беа поставени табли (кои сеуште не се во функција за наплата), таа активност да се врши паралелно во двете населби. Тие сметаат дека делумното воведување зона на еден дел од населбата ќе направи уште поголем хаос во преостанатиот дел кој ќе биде во фаза на воведување.