Најевтин мобилен интернет има во Израел, каде е С. Македонија?

од Stefanija Kuzmanovska

Израел има најевтин мобилен интернет во светот, а меѓу 230 анализирани земји, Македонија е на 52-то место, објави Еурактив Србија, повикувајќи се на истражување на британскиот телекомуникациски портал.

Во Србија, еден гигабајт мобилни податоци чинат просечно 1,30 американски долари. Од земјите на Западен Балкан, само Северна Македонија има поевтин мобилен интернет од Србија (0,96 долари). Северна Македонија е на 52-то место, Црна Гора на 112-то (2,12$), Босна и Херцеговина на 126-то (2,39$), Албанија на 141-то (2,80$). Хрватска е на 122-то место со 2,35 долари за гигабајт.

Просечната цена на еден гигабајт мобилни податоци во Израел е 0,05 долари, а најскапиот мобилен интернет, со 49,6 долари за гигабајт, е во Екваторијална Гвинеја. На второ место е Киргистан, каде еден гигабајт мобилни податоци чинат просечно 0,15 $, а на трето место се Фиџи, со 0,19 $ по гигабајт.

На четвртото место е Италија, која има најевтин мобилен интернет во Западна Европа. Италијанците во просек плаќаат 0,27 долари за гигабајт мобилни податоци. Следат Франција (0,41$), Сан Марино (0,43$) и Данска (0,79$).

Слични содржини