Велика Британија претходниот ден регистрираше 8.125 новозаразени со коронавирус, што е најголем број новозаразени од крајот на февруари, а најголемиот број беа заразени со вирусот идентификуван како „индиски“.
Видот на вирусот, наречен делта вид, за кој се смета дека е околу 40% повеќе пренослив од претходниот доминантен вид, претставува повеќе од 90% од сите нови инфекции во Велика Британија.
Владата е загрижена дека следното олеснување на мерките во Англија на 21 јуни може да се одложи поради зголемувањето на бројот на случаи на заразени.
Премиерот Борис Џонсон во понеделник ќе објави дали ќе бидат укинати ограничувањата на социјалното дистанцирање.
Властите се надеваат дека со брза програма за вакцинирање ќе се прекине врската помеѓу новите случаи на инфекција и смртните случаи, особено затоа што повеќето од новозаболените се меѓу помладите.
Денес во Велика Британија беа пријавени нови 17 смртни случаи од коронавирус, со што загинаа вкупно 127.884 лица во таа земја, претежно во Европа.