Најголем дел од невработените се функционално неписмени, вели Битиќи

од Берта Китинска
157 прегледи

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина се уште висок, но 93,4 проценти од невработените се функционално неписмени, или значи дека нивните вештини не одговараат на пазарот на трудот.

-Има доволно барање за работна сила, но најголем дел од невработените се функционално неписмени, односно нивните вештини не одговараат на потребите на пазарот на трудот, кажа Битиќи.

Според него, поради масовното иселување од земјата се појавува празнина на пазарот на трудот и тоа е проблем на целото општество.

„Најверојатно во креирањето на политики како општество ќе мораме да отвориме една дискусија за пополнување на пазарот на трудот, за однесување малку различно од нашето однесување досега. Ако видите дека во Агенцијата за вработување процентот на невработени е навистина сè уште висок, но 93,4 отсто од невработените се функционално неписмени, или тоа значи дека нивните вештини не одговараат за пазарот на трудот. И конечно мислам дека е дојдено време сите да се освестиме дека мора да се менуваме и да бидеме активни чинители на пазарот на трудот, секој колку може да придонесе. Тоа значи преквалификација, менување на навики за работа, затоа што работа има, барање за работна сила има, но очигледно дека погрешните политики од претходните 30 години не дале резултат, т.е. произведувале работна сила која не одговара на пазарот на трудот“, кажа Битиќи.

Слични содржини