Најголем пораст на референтната каматна стапка во САД во последните 15 години

од Stefanija Kuzmanovska
227 прегледи

Американската централна банка (ФЕД) ја подигна референтната каматна стапка на највисоко ниво во последните речиси 15 години, во обид да го заузда растот на цените во најголемата светска економија.

ФЕД објави дека ја зголемува референтната каматна стапка за уште три четвртини од процентниот поен, а каматната стапка сега се движи во опсег од три и 3,25 отсто, јавува Би-Би-Си.

Трошоците за позајмување се очекува дополнително да се зголемат и да останат високи, соопшти американската централна банка.

Слични содржини