„Најголемата кражба во историјата на Оскарите“: Фановите на Деми Мур бесни што актерката не освои награда

од Nikola Popovski
227 прегледи

Холивудската актерка не го освои својот прв Оскар, што ја разочара не само неа, туку и нејзините многубројни обожаватели ширум светот. Деми Мур беше една од номинираните за Оскар во категоријата за најдобра женска улога за улогата во филмот „The Substance“ кој минатата година привлече големо внимание кај публиката.

Откако ја освои наградата „SAG“, се очекуваше и Оскар, кој воедно требаше да и биде прв во кариерата. Сепак, почесната награда отиде во рацете на Мајки Медисон за нејзината улога во филмот „Анора“.

Од синоќа на социјалните мрежи на големо се пишува како Деми е видно разочарана од овој пораз. Нејзините обожаватели се бесни, а некои дури и одбиваат да и аплаудираат на прогласената оскаровка.

„Ова е најголемата кражба во историјата на Оскар“, велат фановите на Деми Мур додека ги коментираат реакциите на познатата актерка.

 

 

Слични содржини