Откако се повреди Тајлер Маласија, левиот бек на Манчестер Јунајтед, тој едноставно како да исчезна од Англија, а навивачите се загрижени поради тоа што тој не се огласувал на социјалните мрежи од 16 јули претходната година.
Маласија (24) последниот натпревар во дресот на „црвените ѓаволи“ го одигра на 28 мај 2023 година против Фулам (2:1).
Потоа запиша 90 минути, а веројатно никој не претпоставуваше дека ќе помине речиси една година пред повторно да стапне на теренот.
Навивачите кои особено следат се што прават фудбалерите на Манчестер Јунајтед, тврдат дека Маласија одамна не е виден на фотографии од тимски вечери, слики од соблекувалната или на „Олд Трафорд“.
Што вели Манчестер Јунајтед?
На конференцијата одржана на 15 март 2024 година беше објавено дека Маласија работи на камбек и е блиску до целосно закрепнување.
Многумина веруваат дека „црвените ѓаволи“ ја кријат сериозноста на повредата на Холанѓанецот, кој за кратко време стана миленик на навивачите.
Маласија е репрезентативец на Холандија, а пред Јунајтед настапуваше за Феенорд од кој за 15 милиони евра замина во Манчестер.