Најголемата продажба во историјата на германските железници

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Данската логистичка компанија DSV на 13 септември објави дека ќе ја купи логистичка и транспортна подружница DB Schenker од Deutsche Bahn (DB) за 14,3 милијарди евра, што е истовремено најголема аквизиција до сега за DSV и најголема продажба во историјата на германскaтa државна железница.

Се очекува трансакцијата да биде финализирана следната година, а до 2027 година да важи одредбата од договорот за зачувување на договорните социјални обврски и сите работни места.

DB Schenker, чие седиште е во Есен, Германија, според сопствените податоци, има околу 72.700 вработени во 130 земји и е една од најголемите логистички компании во светот. DSV има околу 75.000 вработени во околу 100 земји.

Според податоците на DSV, по спојувањето, двете компании заедно ќе имаат околу 147.000 вработени во повеќе од 90 земји во светот и годишен обрт од околу 39 милијарди евра.

Компанијата DB Schenker работи и на Балканот, а во Србија има центар за домашен и меѓународен транспорт и шпедиција во Шимановци. Во тој центар, според податоците на Стопанската комора на Србија, работат од 50 до 100 лица.

За финализирање на преземањето потребно е зелено светло на надзорниот одбор на Германските железници и Министерството за транспорт, соопшти DSV.

Според соопштението, Германија на тој начин ќе стане клучен пазар за DSV и ќе ги задржи различните централни одговорности, вклучувајќи го и седиштето на DB Schenker во Есен.

Неколку протести на работниците на DB Schenker, кои се плашат за своите работни места, се одржаa во германските градови во последните недели и месеци, објавија претходно германските медиуми.

Слични содржини