238
Индискиот Институт за серум, најголемиот светски производител на вакцини, извести најмалку три земји дека испораката на вакцини против ковид-19 ќе биде одложена.
Институтот за серум ги извести Бразил, Мароко и Саудиска Арабија дека причина за одложувањето е огромната потреба на Индија за вакцината, пренесува „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
Индија доживува нагло зголемување на инфекциите и го има третиот најголем број на инфекции со коронавирусот во светот, со 11,6 милиони.
Само САД и Бразил имаат повеќе, со 29,7 милиони, односно 11,9 милиони.
Индискиот Институт за серум се најде на удар на критики за продажба или донирање поголем број на вакцини од бројот на вакцини дадени во Индија, пренесува „Гласот на Америка“.