Најголемиот трансфер во овој преоден рок е договорен, Вирц пристигнува во Ливерпул

од Vladimir Zorba
44 прегледи

Во попладневните часови на 6 јуни беше договорен најскапиот трансфер во овој преоден рок и најголемиот трансфер во историјата на англискиот клуб Ливерпул.

Имено, преговорите меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен во врска со трансферот на Флоријан Вирц на Енфилд се во завршна фаза и се очекува Германецот наскоро да стане нов играч на „црвените“.

Како што објавија сите релевантни германски извори, третата понуда на Ливерпул од 150 милиони евра е прифатена и играчот наскоро ќе го комплетира трансферот во Англија.

Првично, „црвените“ понудија 100 милиони евра плус бонуси, а потоа 118 милиони евра фиксни со дополнителни 12 милиони евра преку бонуси, што не ги задоволи „фармацевтите“.

Сепак, најновата понуда од 150 милиони евра е прифатена и Вирц ќе ги заврши медицинските прегледи во Ливерпул следната недела и ќе стане новата надеж на клубот од „Енфилд Роуд“.

Откако ќе ги заврши медицинските прегледи, тој ќе оди на одмор и ќе им се придружи на предсезонските подготовки на „црвените“, кои го направија најголемиот трансфер во својата историја со доведувањето на Вирц.

Ливерпул досега беше клуб кој евтино доведува играч, а потоа го прави голема ѕвезда, што овој пат не беше случај, но ги „победија“ Манчестер Сити, Реал Мадрид и Баерн во директна битка и, според сите извештаи, доведоа генерациски талент.

Да додадеме дека Вирц ќе потпише договор со Ливерпул до 2030 година, според кој ќе заработува 22 милиони евра по сезона.

Слични содржини