Најголемите европски воени сили подготвуваат план кој нема да му се допадне на Путин

Петте најголеми европски одбранбени сили се подготвуваат да објават план за инвестирање во воени дронови, како дел од поширокиот напор за зајакнување на одбранбената индустрија соочени со руската инвазија на Украина и загриженоста за посветеноста на САД кон НАТО.

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Петте најголеми европски одбранбени сили се подготвуваат да објават план за инвестирање во воени дронови, како дел од поширокиот напор за зајакнување на одбранбената индустрија соочени со руската инвазија на Украина и загриженоста за посветеноста на САД кон НАТО.

Според документ што го виде „Ројтерс“ и извор од полското Министерство за одбрана, пет држави сакаат да развијат соработка во развојот на автономни дронови.

Војната во Украина покажа дека автономните пресретнувачи на дронови можат да обезбедат ефикасна алтернатива на скапите ракети за воздушна одбрана, а европските сојузници на Киев сакаат да учат од тоа искуство.

Групата од пет европски министри за одбрана во петок ќе одржат состанок во Краков, Полска. Се собираат државите со најголеми воена трошоци на континентот – Франција, Германија, Италија, Полска и Велика Британија.