Светските рекорди во реалноста не се нешто за што слушаме многу во последно време.
Ако претходно имаше универзална желба кај луѓето да докажат дека можат да направат нешто што никој пред нив не успеал, сега овој тренд стивна.
Сепак треба да се напомене дека во секоја сфера можат да се најдат навистина забележителни достигнувања, кои се достојни или за восхит, или за изненадување.
Денес ќе ви ги презентираме најинтересните светски рекорди, означени во модната индустрија.
Еве кои се тие:
1. Најдолгата ревија
На 8 ноември, 2014 година, Cotton имаат 24-часовна ревија во Мајами, која вклучува 60 модели и 1440 визии.
2. Најголема публика на ревија
Спектаклот на Victoria’s Secret во Кан во 2000 година беше гледан од повеќе од 2 милиони луѓе.
3. Најголемата носена панделка
Пред неколку години млада девојка од Небраска создава огромна панделка за коса, заедно со својата девојка. Претпоставуваме дека не ја носела втор пат.
4. Најбрзо поминати 100 метри во фустан и високи потпетици
Особено интересно кај овој рекорд е дека е поставен … од маж.
5. Најстариот модел
Дафне Селф е англиски модел, кој е во индустријата веќе 60 години. Пишувано за неа има како во Vogue, така и во Marie Claire.
6. Најмногу ѓердани, носени одеднаш
Членови на Zappos заедницата срушија 40 светски рекорди минатата година, а еден од нив е за најголем број ѓердани, носени одеднаш. Точната бројка е 144, а ние сме сигурни дека воопшто не било лесно и нежно.
7. Најмногу модни марки, именувани за 10 секунди
Рекордот за најмногу модни марки, именувани за 10 секунди е … 10. Некако ни се чини лесно да го подобриме.
8. Најдолго поседун пар на чевли
Маж од Канада не се откажал од своите чевли во текот на 35 години. Изненадувачки е дека тие ја чуваат својата форма.