Најинтригантниот хороскопски знак: Делува ладно, но …

од Vladimir Zorba

Најинтригантниот знак во Зодијакот е секако Водолијата.

Претставниците на овој знак се перцептивни, способни да ја согледаат ситуацијата од различни агли, што ги прави луѓе кои најдобро ги решаваат проблемите.

Водолиите оставаат двоен впечаток врз себе: од една страна делуваат срамежливо и смирено, а од друга можат да бидат ексцентрични и енергични луѓе. И во двата случаи тие се манифестираат како интелектуалци кои сакаат да им помагаат на другите луѓе.

И покрај фактот дека Водолиите обожаваат да се „капат“ во туѓата енергија, тие честопати чувствуваат потреба да бидат тивки за да го обноват сопствениот енергетски биланс.

Клучниот збор на овој знак е „имагинација“. Луѓето родени во знакот на Водолија гледаат свет полн со можности, дури и кога не изгледа така. Тие го користат својот ум во сите ситуации секогаш кога ќе им се даде шанса да го сторат тоа. Во отсуство на ментална стимулација, на Водолијата и станува досадно.

Под влијание на Уран, која е нивна владејачка планета, Водолијата може да биде несовесна, брза, темпераментна и агресивна. Но, во исто време, Уран и дава на Водолијата визионерски талент, можност да гледа во иднината и да знае точно што ќе прави за пет до десет години.

Уран, исто така, им дава моќ на претставниците на овие знаци брзо и лесно да прават големи трансформации, затоа се познати како прогресивни мислители и големи хуманисти.

Проблематичните делови на телото за Водолија се зглобовите, а астролозите советуваат да обрнуваат посебно внимание на крвотокот во текот на животот.

Слични содржини