Производителот на спортска опрема Најк ги раскина сите договори со фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд поради обвинувањата дека извршил силување, јавува Би-Би-Си.
Младиот 20-годишен играч, беше уапсен минатиот месец под сомнение за напад, сексуално насилство и смртни закани, но беше пуштен од притвор откако плати кауција.
Најк прво го суспендираше договорот со Гринвуд, за во понеделник официјално да објави дека ги прекинува сите врски со него.
„Мејсон Гринвуд повеќе не е спортист на Најк“, се вели во соопштението.
Манчестер Јунајтед објави дека Гринвуд нема да игра и тренира со тимот се додека трае истрагата.
Полицијата во Манчестер го уапси Гринвуд на 30 јануари, откако на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа, на кои неговата девојка покажува како била физички нападната.