„Најк“ објави зошто го раскина договорот со Нејмар вреден над 86 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
292 прегледи

Како тринаесетгодишник, Нејмар потпиша договор вреден 86.144.000 евра со компанијата за спортска опрема „Најк“. Соработката беше договорена до 2022 година, но беше прекината две години порано.

Минатото лето, Најк го раскина договорот со бразилскиот фудбалер, а сега објави зошто во престижниот „Волстрит журнал“, кој се занимава со деловни и економски вести.

Нејмар по втор пат во својата кариера беше обвинет за сексуално вознемирување. Тој наводно принудил една од девојките вработена во „Најк“ да има орален секс во хотел во Њујорк во 2016 година, каде што работела како координатор на промотивен настан, се вели во соопштението на американската компанија.

Вработената ги претставила обвинувањата пред компанијата во 2018 година, но под барање истрагата да се спроведе во тајност. Нејмар, сепак, одби да учествува во истрагата, што ја разниша довербата на неговите спонзори, па „Најк“ во договор со вработената која го пријави Бразилецот за вознемирување, реши да ангажира адвокати во 2019 година и да го однесе случајот на суд. Во мај истата година, фудбалерот на Пари Сен Жермен беше обвинет за обид за силување на Бразилка, која тој наводно ја поканил да дојде во Париз преку Инстаграм, и преку пријател, каде потоа ја нападнал сексуално во хотелска соба. Тие обвиненија подоцна беа отфрлени.

По објавата на „Најк“ дека причината за прекинување на соработката е што Нејмар не сака да учествува во истрагата во врска со обвинувањата за сексуално вознемирување, проговори таткото на бразилскиот репрезентативец.

„Чудно е што обвиненијата се појавуваат кога ќе го напуштат „Најк“. Тоа му се случи на Кристијано Роналдо, покојниот кошаркар Коби Брајант … Тие беа клеветени, исто како што Нејмар беше лажно обвинет“, изјавил Нејмар сениор за „Фолха”, весник од Сао Паоло, со тврдење дека прекинувањето на соработката со американската компанија се должи на комерцијални причини.

Еден од најдобрите фудбалери и најбогатите спортисти на денешницата, во меѓувреме, потпиша договор со компанијата „Пума“, според кој добива околу 25.000.000 евра годишно.

Слични содржини