Најлесните начини за отстранување темни и водоотпорни кармини

од Elena Daskalova

Во есен и зима жените сакаат да носат темни нијанси на кармин, кои иако изгледаат прекрасно, нивното отстранување може да биде вистинска мака.

Овие кармини, особено ако се водоотпорни и трајни, може да остават траги околу устата или да не се отстранат целосоно, особено ако е во прашање мат формула. Некогаш се чини навистина невозможно целосно да се отстрани бојата од нашите усни.

Но, постојат трикови и за тоа.

Најлесно е на парче памук да ставите маслен отстранувач на шминка и најпрво да го држите памукот на усните околу една минута, а потоа да пребришете со чисто парче памук и отстанувач на шминка. Остатоците можете да ги избришете со крпа навлажнета со вода или со обично влажно марамче.

Еден од најпрактичните трикови е нанесување восочен балсам под карминот. Тој функционира како прајмер за усни, не дозволува бојата да се впие во кожата, а отстранувањето оди многу полесно, поради бариерата која ја создава меѓу карминот и устата.

Имајте предвид дека сувите и испукани усни полесно впиваат боја. Затоа е важно усните да се постојано негувани и хидрирани, а доколку имате проблем со нив, избегнувајте мат темни кармини и држете се до похидратантните структури.

Слични содржини