Одговорноста треба да се лоцира таму каде што навистина постои. Ако се направи оценка на работата на Јавното обвинителство, треба да се види точно кој треба да одговара за непостапување и за чување на случаите во фиока, посебно оние истражени од надлежните органи, како и зошто се дозволува неорганизираност во судовите, изјави Слаѓана Тасева од Транспаренси за ТВ 24.
– Сето ова што се случува со инцидентни разрешувања на судии или изрекување на пресуди како што видовме во минатите денови не може да го покрие вистинскиот проблем што го имаме со корупцијата, истакна таа.
Тасева посочи дека сороботуваат со вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски и дека не треба да се бара политичка одговорност за состојбите и повтори дека одговорноста треба да се бара каде што навистина ја има.
– Политичката одговорност е најлесно да се бара, но сите состојби ќе останат исти како што се, ако се покриеме само на тој начин, додава Тасева.