Кога станува збор за здравјето на срцето, високиот холестерол е една од најголемите закани. Кога нивото на холестерол станува превисоко, нашето тело почнува да складира масти, што пак може да ги затне крвните садови.
Најдобро е да го намалите холестеролот со промена на начинот на живот и промена на исхраната. Првата промена може да биде да одлучите за поздрав тип на масло што го консумирате.
Секако, најлошото масло од холестерол е палминото масло.
Зошто палминото масло е лошо?
Journal of Nutrition објави студија во која е откриено дека палминото масло, во споредба со другите растителни масла со помалку заситени масти, го зголемува нивото на лошиот холестерол.
Според списанието Harvard Health, заситените масти во палминото и кокосовото масло, црвеното месо, путерот и повеќето сладоледи се штетни за здравјето и треба да се консумираат умерено.
Палминото масло можете да го замените со сончогледово, такво од репка или ленено масло, кое истражување од 2018 година се покажало како најдобро за намалување на холестеролот.
Успешни биле и другите масла, како маслиновото масло, но подобри резултати покажале маслата од семки, пишува „Eat this“.