Во Турција починале 61 лице во последните 24 часа од коронавирусот, што е најмал број за еден ден во изминатиот месец.
Во Турција досега има 3.397 смртни случаи од вирусот КОВИД-19, пренесува АП.
Потврдени се дополнителни 1.670 случаи, со што вкупнно изнесуваат 126.045.
Наводно, дневното зголемување на нови пациенти е исто така најниско во последниот месец, но бројот на тестови е намален.
Турција се наоѓа на осмото место во светот во однос на бројот, но експертите веруваат дека бројот на заразени лица е поголем од регистрираните.