Најмалку 10 лица загинаа, а 39 се повредени во судир на автобус и три возила на југот на Турција

од Vladimir Zorba

Најмалку 10 лица загинаа, а 39 се повредени денеска во јужна Турција кога меѓуградски автобус се судри со три возила на автопатот, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.

Автобусот, кој од Дијарбакир одел за Истанбул, удрил во камион и две други возила во областа Тарсус во близина на медитеранскиот град Мерсин, напиша Јерликаја на платформата Х, пренесе Ројтерс.

Владата соопшти дека е покрената истрага за несреќата.

Слични содржини