160
Најмалку 11 цивили, претежно деца и жени, загинаа во израелски воздушен напад врз станбена зграда во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа, додека голем број луѓе се ранети, објави палестинската новинска агенција „Вафа“.
Медицински извори соопштија дека 11 цивили биле убиени доцна синоќа кога израелски воени авиони нападнале семејна куќа во населбата Бешара во центарот на Деир ал Балах.
Во саботата, локалните здравствени власти во Газа објавија дека израелските сили извршиле, како што велат, „седум масакри на семејства во Појасот, што резултираше со смрт на 63 цивили и ранети 112 лица во претходните 24 часа.