Најмалку 13 лица се повредени во градот Курск во напад на украинско беспилотно летало

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Најмалку 13 лица се повредени вечерва во градот Курск, Русија, кога остатоци од украинско беспилотно летало што беше погодено од руската противвоздушна одбрана паднаа врз деветкатна станбена зграда, соопштија денес претставници на руската област Курск, која граничи со Украина.

Вршителот на должноста началник на таа област Алексеј Смирнов на Телеграм објави дека двете повредени лица се во тешка состојба, пренесува Ројтерс.

Градоначалникот на Курск, Игор Кучак изјави дека е на сила предупредување за воздушна закана за целиот град Курск.

Слични содржини