Најмалку 13 луѓе се убиени, а осум тешко ранети во немирите кои избија во затвор во сојузната мексиканска држава Нуево Леон. Државен службеник за безбедност рече дека безбедносните сили се пратени да го задушат насилството, пишува Reuters.

Судирот во затворот Кадерејта кој се наоѓа покрај градот Монтереј се случил во текот на ноќта. Загрижени членови на семејства чекаат пред затворот вести за нивните кои се во затворот.
„Протестот на затворениците во текот на ноќта излезе од контрола, еден затвореник е убиен, а неколку чувари се заложници“, вели Алдо Фасци, портпарол за безбедност на државата Нуево Леон.

Полицијата е пратена да ја смири ситуацијата, но битката се распламтела и во неа учествувале 250 затвореници. Заради тоа безбедносните сили одлучиле да употребат сила и на тој начин да го спречат убиството на чуварите и да запрат убиства на затвореници.
Сè уште не позната точната бројка на убиените во немирите, а колку убиле безбедносните сили.
#envideo asi fue el enfrentamiento entre reos y custodios en el penal de #Cadereyta #NuevoLeon pic.twitter.com/clKfM1dUGX
— Jesus (@blackmony14) October 11, 2017