186
Во силниот земјотрес што денеска го погоди западниот дел на Авганистан загинаа најмалку 14 луѓе, а 78 се повредени.
Првиот земјотрес беше со интензитет од 6,2 степени, додека вториот бил 5,5 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот бил на 48 километри северозападно од градот Херат, а епицентарот бил во близина на градот Кара Баг.
Најмалку илјада луѓе загинаа во минатогодишниот земјотрес што го погоди Авганистан.