16
Најмалку 14 Палестинци загинале во двата напади на израелската армија (ИДФ) врз Појасот Газа, меѓу кои две деца и една жена, а повеќето од жртвите се во областите кои Израел претходно ги прогласи за хуманитарни зони, соопштија денеска палестинските власти.
Рано утринава израелските сили извршиле напад врз бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, при што загинале најмалку три лица, меѓу кои и една жена.
Официјални лица на блиската болница Ал-Авда соопштиле дека најмалку 11 Палестинци исто така се повредени во нападот.