Најмалку 17 војници убиени во заседа во Нигер

од desk2
91 прегледи

Најмалку 17 војници се убиени, а 11 се исчезнати во заседа во Нигер, во близина на границата со Мали.

Вооружените сили на Нигер потврдија дека во нападот се убиени 17 војници.

Тие наведуваат дека нападот на воената единица се случил во градот Тонго-Тонго во покраината Тилабери.

Во истиот град екстремисти од огранокот на ИСИС убија четворица припадници на американските специјални сили и четворица нигериски војници во октомври 2017 година.