Најмалку 20,000 луѓе починале од КОВИД-19 во домови за стари лица во Британија

од Vladimir Zorba
150 прегледи

Најмалку 20.000 луѓе починале во старечки домови во Англија и Велс за време на пандемијата „КОВИД-19“ отколку во истиот период претходните години, според пресметките на Ројтерс врз основа на официјални податоци.

За осум недели до 1 мај, вкупно 37.627 луѓе починале од сите причини во старечки домови во Англија и Велс, според Националното биро за статистика (ОНС).

Врз основа на споредбата со просечниот неделен број на смртни случаи во истиот период во последните пет години, Ројтерс пресмета дека имало 19.900 повеќе смртни случаи во Англија и Велс оваа година.

Овој број исклучува стотици смртни случаи во Шкотска и смртните случаи по 1-ви мај. Некои жители на овие домови биле пренесени во болници и починале таму, така што тие не се вклучени во овие статистики.

Споредбата на бројот на починати лица со просечна смртност, статистичарите сметаат дека е најточен начин за проценка на последиците од пандемијата, вклучително и случаи директно предизвикани од пандемија и индиректно предизвикани од, на пример, намалена грижа за други здравствени проблеми.

Бројот на починати од „КОВИД-19“ во Велика Британија сега надмина 30.000, што е веројатно највисокото во Европа, покажуваат новите податоци објавени во вторникот. Таков број предизвикува дополнителни прашања во врска со управувањето со кризата од страна на владата на Борис Џонсон, поради ширењето на новиот коронавирус.