Најмалку 20 загинати во руски воздушни напади во Украина

од desk2
18 прегледи

Вкупно 20 луѓе загинале, а повеќе од 40 се ранети во ноќешните руски воздушни напади во Украина ноќеска, според извештаите на украинските државни и локални органи.

Дури 17 од загинатите и 35 од повредените се жртви на рускиот напад врз казнено-поправен дом во Запорошката област. Покрај затворот, има и оштетени куќи во близината.

Други 3 жртви на руските воздушни напади има во Каменское, во Днепропетровската област. Таму 22 цивили се ранети, меѓу кои и 10 медицински лица и една бремена жена.

Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, вкупно 22 лица загинале во Украина во изминатата ноќ, а 85 се ранети. Тој вели и дека Русите намерно го гаѓале затворот во Запорошката област.

Слични содржини