Најмалку 22 загинати во воздушен напад во Судан

од Radmila Tasevska
298 прегледи

Најмалку 22 лица загинаа денеска во воздушен напад врз еден судански град, соопшти Министерството за здравство.

Нападот е извршен во станбената област Омдурман, недалеку од главниот град Картум.

„Повредени се неутврден број лица“, информираат од Министерството.

За време на судирите меѓу армијата и моќната паравоена група позната како Сили за брза поддршка (РСФ) минатиот месец, во воздушен напад во Картум загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои пет деца.

Слични содржини