Најмалку 23 лица загинаа во Перу откако автобус падна во река

од Симе Стоиков

Најмалку 23 лица загинаа кога автобус падна во река во Андите во северниот дел на Перу, изјави обвинител за локалните медиуми.

Несреќата се случила во неделата вечерта кога автобусот се движел кон градот Сорочуко, изјави за локалната радио станица РПП, Олга Бобадиља, провинциска обвинителка за регионот Кајамарка.

„Се уште се прибираат информации бидејќи несреќата се случила ноќе на прилично нерамен и неасфалтиран пат, каде автобусот паднал во провалија и завршил во реката“, изјави Бобадиља.

Локалните медиуми објавија дека автобусот патувал од блискиот град Челендин, во кој е прогласен тридневна жалост.

Несреќите се релативно чести на патиштата во Перу. Дваесет лица загинаа во несреќа во септември минатата година, додека во јануари 2023 година, најмалку 24 од нив загинаа кога автобус падна од карпа.

Слични содржини