277
Најмалку 250 луѓе загинаа, а повеќе од 150 се повредени во земјотресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала што ја погоди провинцијата Пактика во источен Авганистан, изјавија локалните власти за Би-Би-Си.
Најголем дел од жртвите се регистрирани во Пактика, но жртви има и во источните провинции Нангархар и Кост.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат луѓе на носилки, урнатини и уништени куќи во Пактика, јавува Би-Би-Си.