Најмалку 27 лица загинаа во пожар во центар за одвикнување од дрога во Иран

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Најмалку 27 лица загинаа во голем пожар што избувна во центар за одвикнување од дрога во северен Иран во петокот наутро.

„Дваесет и седум лица загинаа, а 12 се пренесени во болница кога избувна пожар во провинцијата Гилан северно од Техеран“, објави веб-страницата „Мизан онлајн“, цитирајќи го покраинскиот судија Есмаил Садехи, објави „Гардијан“.

Причината за пожарот се уште не е позната, но Садехи навел дека истрагата е во тек.

Во август избувна пожар во големата чаршија во Техеран при што беа оштетени бројни продавници, но во несреќата немаше жртви. Во јануари 2017 година, во пожар во трговскиот центар Пласко во Техеран загинаа најмалку 22 лица, вклучително и 16 пожарникари.

Слични содржини