Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Најмалку 27 лица загинаа во сообраќајна несреќа во Украина, во северозападната област Ровенска, објави „Страна дејли“ на својот канал на Телеграм, цитирајќи го помошникот министер за внатрешни работи Антон Герашченко.

Во несреќата учествувале комбе, автобус и цистерна, а несреќата се случила во вторникот вечерта на автопатот Киев-Чоп, јави ТАСС.

Од 38 патници во автобусот кои учествувале во несреќата, само 12 преживеаја.

Слични содржини