189
Најмалку 28 лица загинаа во пожари кои беснееја во западноамериканските држави. Најголем број на смртни случаи се забележани во Калифорнија, каде 19 лица загинаа во пожари. Најголемиот број жртви е пријавен во последните неколку дена, пренесува новинската агенција ТАСС.
Во западноамериканските држави, регистрирани се повеќе од 100 пожари на над 1,9 милиони хектари, а најтешко погодени се Калифорнија, Орегон и Вашингтон.
Портпаролот на Белата куќа Џад Дир изјави дека претседателот Доналд Трамп утре патува во Калифорнија, со цел да добие извештаи за моменталната состојба од локалните власти.