Најмалку 29 жртви во поплавите во Кенија

од Vladimir Zorba
368 прегледи

Најмалку 29 лица загинаа во поплавите во Кенија, соопштија денеска локалните властите во четвртокот, а во исто време метеоролошката служба предупреди дека се очекуваат уште поројни дождови.

Источноафриканската земја во моментов поминува низ втората годишна сезона на дождови, но врнежите во октомври се над просекот во повеќето делови на Кенија, информира Џејмс Мухинди од метеоролошката служба.

Тој додаде дека во една област близу границата со Етиопија во првите е регистрирала повеќе дожд во првите 10 дена од месецот отколку што обично ќе се види во текот на целата дождовна сезона, што обично се одвива помеѓу октомври и декември.

Речиси 12,000 луѓе се раселени поради поплавите кои најмногу ги погодија северниот и источниот дел на Кенија. Поплавите, исто така, предизвикаа голема штета врз клучните сектори на економијата на земјата, како што е земјоделството. Според локалните власти, во поплавите угинале 10.000 грла добиток.

Слични содржини