204
Најмалку 43 мигранти се удавија крај бреговите на Тунис, додека се обидувале да го преминат Медитеранот од Либија до Италија.
84 од нив биле спасени, соопшти денеска организацијата на Црвената полумесечина.
Бродот со мигранти превезувал луѓе од Египет, Судан, Еритреја и Бангладеш, објави хуманитарната организација, пренесе „Ројтерс“.
Скоро 19.800 мигранти пристигнаа во Италија, една од главните дестинации за мигранти во Европа, од почетокот на годинава.