Околу 80 извидници од 23 европски земји, во заедничка акција денеска, еден ден по Меѓународниот ден на планетата Земја го исчистија просторот околу Извидничкиот центар, реката Коселска и плажите во околината, соопштија од неформалната еколошка организација „Чист Охрид“.
Според нив, во акцијата биле собрани најмалку 50 вреќи ѓубре, односно најмногу отпад од пластични шишиња, кеси, марамчиња, стакло, но и телевизор и пластични столови.
-За време на акцијата, пред извидниците и активистите говор одржа Katerina Vasileska од Охрид SOS за значењето и состојбата во која се наоѓа Охридското Езеро. Упатуваме апел до сите граѓани, да ја чуваме нашата околина и постојано да работиме за подобрување на животната средина. Честит Денот на планетата Земја!, соопштија од „Чист Охрид“.