Најмалку 66 клиники во 15 американски држави престанаа да вршат абортуси откако Врховниот суд на земјата го укина федералното право на абортус на 24 јуни, се вели во анализата објавена денеска од Институтот Гутмахер.
Во анализата на Институтот, кој го поддржува правото на жените на абортус, се наведува дека бројот на клиники кои вршат абортуси во 15 држави паднал од 79, колку што ги имало пред одлуката, на 13, пренесува АП.
Сите 13 клиники кои сè уште вршат абортуси се наоѓаат во Џорџија, додека другите држави немаат вакви клиники.
На национално ниво, имало повеќе од 800 клиники за абортус во 2020 година, соопшти Институтот.
„Ќе треба да се направат многу повеќе истражувања за да се разбере целосниот степен на хаосот, конфузијата и штетата што Врховниот суд на САД им ја нанесе на луѓето на кои им е потребен абортус, а оваа ситуација треба да ги вознемири сите кои ја поддржуваат репродуктивната слобода и правото на телесна автономија“, рече претставничката на Институтот, Рејчел Џонс.