Најмалку 69 загинати и над 45 повредени во катастрофален пожар во главниот град на Бангладеш

од Vlatko K
186 прегледи

 

200 пожарникари и хеликоптер се приклучија во гаснењето


Најмалку 69 лица загинаа во катастрофалниот пожар кој изби во станбена зграда, користена  како хемиски магацин во стариот дел на главниот град на Бангладеш, Дака. Десетици биле заробени меѓу зградите, спречени  да избегаат низ тесните улички, затнати од сообраќај, откако високозапаливите залихи на хемикалии, боди спрејови и пластични материјали беа зафатени  во пламен.

Началникот на противпожарната служба во Бангладеш Али Ахмед изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми уште повеќе.

“Бројот на тела може да се зголеми. Преварувањата  продолжуваат “, изјави тој за АФП.

Ахмед рече дека пожарот во Чавкбазар, во стариот дел на градот, можеби е предизвикан од гасно шише, додавајќи дека потоа брзо се шири преку контакт со лесно запаливи хемикалии

Пламените покриваа четири соседни згради, кои исто така беа користени како хемиски продавници.

“Имаше силен сообраќај кога огнот избувна. Тој се прошири   толку брзо што луѓето не можеа да избегаат “, рече тој, опишувајќи делот од градот каде што улиците се многу тесни и станбените згради се само на неколку сантиметри една од друга.

Во пожарот учествуваа повеќе од 200 пожарникари. Хеликоптер пристигнал на местото на настанот.

“Тоа не е како секој еден пожар”, рече претставникот, додавајќи дека се претворил во катастрофална пеколна маса  поради “силнозапаливите” хемикалии складирани таму.

Телевизиски слики покажуваат дека главната порта на една од зградите е заклучена, оставајќи ги жителите во стапица.

Најмалку две коли и 10 рикши изгореле во пожарот.

“Меѓу жртвите има минувачи, луѓе од околните ресторани кои си славеле   моминска вечер”, рече тој.

Најмалку 45 лица се повредени, вклучително и четворица кои се во критична состојба.

Стотици луѓе се втурнале во болницата за даги  бараат исчезнатите роднини.

Сличен пожар во 2010 година во стара зграда во Дака, која исто така се користела како хемиски магацин уби повеќе од 120 лица во едно од најтешките катастрофи во главниот град.

Властите на Дака превзедоа репресии над хемиското магацини во станбени области по пожарот, но во последниве години напорите за совладување на практиката се намалија.