Најмалку 70 мигранти загинаа при бродска несреќа во близина на Тунис

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Најмалку 70 мигранти се удавија откако потона брод во близина на брегот на Тунис, јави германската новинска агенција ДПА.

При несреќата спасени се 16 лица од страна на рибари кои биле во близина на бродот што тонел.

Туниската крајбрежна стража се обидува телата на жртвите да ги префрли го градот Сфакс.

Се претпоставува дека бродот испловил од соседна Либија, а крајна дестинација била Европа.