Најмалку четири лица загинаа, 34 се повредени во железничка несреќа во Германија, се огласи и Мерц

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Најмалку четири лица загинаа, а 34 се повредени, од кои тројца се во многу тешка состојба, во железничка несреќа што се случи денес во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, објави германската полиција.

За несреќата се огласи и германскиот канцелар Фридрих Мерц, изразувајќи шок од трагедијата во објава на социјалната мрежа X.

„Во близок контакт сум со министерот за внатрешни работи и министерот за транспорт и ги замолив да ги поддржат службите за спасување со сите средства што им се на располагање“, рече Мерц, изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите.

Слични содржини