Најмалку девет лица се ранети во бомбардирањето на Херсон на југот на Украина, а Русите синоќа со дронови ги нападнаа главниот град Киев и Харков на западот на земјата, соопштија локалните власти.
Во бомбашкиот напад на Херсон, девет лица се повредени, меѓу кои четири деца, наведе градоначалникот Роман Мрочко на Телеграм.
Украинската противвоздушна одбрана собори неколку дронови „Шахед“ од иранско производство додека се движеа кон Киев, изјави шефот на воената управа на главниот град Серхи Попко.
„Според прелиминарните податоци, нема жртви и не е причинета штета“, истакнал Попко на Телеграм.
Градоначалникот на Харков Игор Терехов објави дека имало најмалку два напада во тој град недалеку од станбените згради.
Надлежните служби утврдуваат дали има жртви во нападите.