Во голем руски напад ноќеска врз Киев, најмалку двајца луѓе загина, а 16 се ранети, јавија медиумите.
Во нападот врз Киев биле употребени 18 ракети и околу 400 беспилотни летала (дронови).
Во најновиот руски напад со дронови, главна цел бил Киев. Деловите од еден дрон паднале на покривот на станбена зграда во централната населба Шевченкивски, а во други делови на градот избиле пожари како резултат на нападите.
Жителите на Киев биле три часа под тревога, додека беспилотните летала и ракетите надоаѓале над градот. Противвоздушната одбрана дејствувала со своите орудија, и градот го треселе експлозии.
Овој напад е послаб од тој во вторникот ноќта, кога руските сили употребија 728 дрона и 13 крстосувачки или балистички ракети врз повеќе градови во Украини.
Утрово, според полициските извештаи, руските дронови погодиле осум населби во Киев. Притоа загинале 68-годишна жена и 22-годишен полицаец.
При воздушни напади, во Киев се огласуваат сирените, а жителите ги затемнуваат прозорците, во надеж дека ракета или дрон нема да се насочи кон нивното живеалиште.
Вчера најмалку три лица ги загубија животите при руски воздушен напад врз градот Костјантинивка во источна Украина.