Најмалку две лица загинати во тунелот кај Катланово: Полицијата го пренасочува сообраќајот по стариот пат

од Илинка Илиоска
75 прегледи

Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово на автопатот Скопје – Велес, при што загинаа две лица. Според дополнителни информации, патничко комбе се превртело во непосредна близина на тунелот.

АМСМ соопшти дека сообраќајот е во прекин од 17:45 часот. Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, додека сообраќајот е блокиран и пренасочен преку стариот пат, Петровец – Велес и Миладиновци – Св. Николе – Велес – Штип. На автопатот може да се забележат долги колони од возила.

Слични содржини