Најмалку едно лице е убиено во тепачка во грчки затвор, се тепале затвореници од Албанија

од Milan1
142 прегледи

Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.

Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.

Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.

Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.

Слични содржини