Најмалку шест лица загинаа, а најмалку 25 се ранети во руските воени напади врз Киев, соопштија украинските служби за итни случаи.
Руски беспилотни летала и ракети погодија станбени области, болници и спортска инфраструктура во голем број населби во Киев во раните утрински часови денес, соопштија службите за итни случаи, а најголема штета е регистрирана во населбата Шевченки, каде што се урна дел од петкатна станбена зграда.
Спасувачите и пожарникарите се обидуваа да извлечат луѓе за кои се верува дека се заробени под урнатините на делумно урнатата станбена зграда, објави АП.