Најмладиот милионер во земјава има 9 години, а највозрасниот 97

од Nikola Popovski
465 прегледи

Најмладиот милионер во земјава има 9 години со еден милион денари од закупнина, додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход од 1,2 милиони денари, по однос на пензија и доход од извршена работа, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференцијата на тема: „Годишна даночна пријава – Највисок доход во 2022 година“.

Околу најмладото лице милионер во земјава, Лукаревска вели дека се работи по основ на некакво наследство и оттаму ги влече тие приходи.

Лукаревската исто така обелодени дека најголемата месечна бруто плата во 2022 година била во дејноста трговија на големо со тутун и изнесувала 195.000 евра.

Директорката на УЈП говореше и за полициската акција „Синџир“, при што повеќе бизнисмени се приведени.

-За вакво кривично дело алармиравме заедно со МВР пред околу 2-3 месеци за одредена група даночни обврзници. Имаме соодветни дејствија преземено. За вчерашната акција за злосторничкото здружување на новоформирани компании кои сметководствено евидентирале фиктивен поврат, па со соодветни компензации го изиграле системот, станува збор за други даночни обврзници. Доставени се документи кои беа побарани од Управата за финансиска полиција. Ист е основот на некој начин. Во координација сме со институциите, рече Лукаревска.

Слични содржини